По две години министрите од Г7 првпат се состануваат во живо

epa09175417 Foreign Minister Chung Eui-yong (2-R) speaks with his US counterpart Antony Blinken (L) at a meeting held on the sidelines of the G7 Foreign and Development Minister's Meeting in London, Britain, 03 May 2021. EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Министрите на Г7 се среќаваат лице в лице за прв пат по две години во Лондон и меѓу другото ќе разговараат за повлекување на војниците од Авганистан, трговскиот договор по брегзитот, иранската нуклеарна програма и Кина.

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб разговараше со јапонскиот колега Тошимитсу Мотеги пред состанокот на Г7, на кој ќе се придружат министрите од Канада, Франција, Германија, Италија и САД.

Рааб ќе се сретне и приватно со државниот секретар на САД, Антони Блинкен.

Рааб разговараше со Мотеги за барањето на Велика Британија да се приклучи на Сеопфатниот и напреден договор за транспацифичко партнерство (ЦТПП) – договор за слободна трговија за повеќето земји од Пацификот, вклучително и Јапонија.

„Длабочината на односите меѓу Велика Британија и Јапонија се заснова на заеднички поглед на демократијата, слободната трговија, борбата против климатските промени и безбедносната соработка“, рече Рааб.

Членките на ЕУ исто така присуствуваат на самитот Г7, а како гости се поканети и претставници на Австралија, Индија, Јужна Кореја, Јужна Африка и шефот на Здружението на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН).

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека министрите ќе разговараат за плановите за зајакнување на образованието на девојчињата и вработувањето жени додека светот закрепнува од пандемијата на ковид-19.

Се формира фонд од 15 милијарди долари за земјите во развој во следните две години.

Земјите се обврзуваат на новите глобални цели до 2026 година, според кои уште 40 милиони девојчиња треба да тргнат на училиште, а уште 20 милиони девојчиња треба да научат да читаат до 10-годишна возраст, во земјите со низок и среден приход.

Средбата лице в лице се одржува пред самитот на Г7 закажан за јуни во Корнвол, Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот