По Бабунски, дополнителен повик и за Тотре

Репрезентацијата денеска ги започнува подготовките за последните два натпревари во квалификациите за СП 2022/ фото: ФФМ

Македонските фудбалски репрезентативци, Ердал Ракип (Малме) и Адис Јаховиќ (Гезтепе) поради повреда нема да бидат дел од националниот тим за подготовките и натпреварите на против Ерменија (11. ноември) и Исланд (14. ноември) од квалификациите за Светското првенство 2023.

Фудбалерот на Малме има болки во коленото и денешниот извештај од магнетната резонанца ќе потврди колку време Ракип ќе отсуствува од терените. Адис Јаховиќ поради повреда излезе од игра во 16. минута во вчерашниот настап за својот тим Гезтепе против Конјаспор од турското првенство.

Поради тоа селекторот Благоја Милевски дополнително ги повика Енур Тотре од Тирана и напаѓачот на Ботев Враца, Доријан Бабунски. Двајцата фудбалери ќе бидат на првиот тренинг на репрезентацијата кој е закажан денеска за 17 часот.

Бабунски во А репрезентацијата како замена за повредениот Јаховиќ

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот