По 47 години најдено тело на исчезнат американски студент

Исчезнат американски студент/ Фото Принтскрин

Американската полиција конечно го реши случајот со исчезнатиот 22-годишен студент Кајл Клинкскалес, кој исчезнал без трага во 1976 година. Имено, на 7 декември 2021 година, тие добиле повик од маж кој забележал возило на дното на поток во близина на градот Кусет во Алабама. Во зарѓаниот Форд пронашле коски на помлад човек. Сега стигна и потврдата – се работи за Кајл, пренесува Cи-Би-Ес.

Посмртните останки биле анализирани од лабораторија на ФБИ на барање на Бирото за истраги во Алабама, а официјалниот извештај за причината за смртта засега не е завршен или објавен, соопштија од одделот на шерифот.

Кајл Клинккејлс исчезнал на 27 јануари 1976 година, кога со својот „Форд Пинто” се враќал од американската држава Џорџија во колеџот Обурн во Алабама.

Но, тој никогаш не стигнал на колеџ. По младото момче и автомобилот полицијата трагале цели 45 години. Дури се сомневало дека е убиен, а во 2005 година полицијата уапсила две лица за давање лажни изјави. Еден се изјасни за виновен по две точки од обвинението за лажно сведочење и помина седум години и осум месеци зад решетки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот