По 23 години: Италијански свештеник ја напушта службата поради љубов

Фото: Фејсбук/Антонио Романо

Италијанскиот свештеник Антонио Романо најави дека ќе ја напушти службата поради љубовта што ја чувствува кон една жена.

Свештеникот 23 години се грижел за верниците во Сан Доменико во близина на Авелино, јужно од Неапол.

„По долгогодишно пријателство, сфатив дека сакам жена со која споделувам чувства, аспирации, планови, вредности, вера, принципи и идеали“, изјави свештеникот Антонио Романо на својот фејсбук-профил.

Тој истакна дека не може да продолжи да се бори против својата природа, но дека секогаш ќе ѝ служи на својата заедница.

Многумина му напишаа пораки со поддршка и му посакаа многу среќа во понатамошниот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот