Платите на наставниците од овој месец се зголемуваат за 15%

Вработените во основните и средните училишта ќе земат септемвриска плата повисока за 15%. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, Јаким Неделков денеска потпишаа спогодба со која одлуката за повисока плата почнува да важи од тековниот месец.

Чест ми е што токму во време на мојот мандат како министер за образование и наука во 2022 и 2023, практично во период од само една година, платите на наставниците се зголемени во три наврати, односно кумулативно за над 35%. Ова е само потврда дека навистина имаме намера да го вратиме дигнитетот и достоинството на наставниците кое го заслужуваат во општеството, затоа што се најважната алка во воспитно – образовниот процес од која зависи квалитетот на генерациите кои се создаваат и без која ниту една реформа не може да успее“, рече Шаќири.

Задоволство изрази и претседателот на СОНК, Неделков, кој посочи дека само со мотивирани наставници може да градиме добра иднина за државата. Истакна дека како синдикат, ќе продолжат да се заложуваат за подобрување на правата и можностите на просветните работници и во иднина, а очекува наскоро да се постигне согласност за измени во колективниот договор со кои уште повеќе ќе се стимулира работата на оние кои директно ги пренесуваат знаењата на учениците.

Освен покачувањето на платите, во меѓувреме продолжуваат и континуираните обуки на наставниците, како единствен начин постојано да јакнат нивните професионални компетенции, отворајќи им можности за кариерен развој во звања ментор и советник. Во период од 3 години, во звање ментор, напредуваа 250 наставници од основните училишта кои се носители на промените што се случуваат за поквалитетна настава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот