Пјонгјанг смета дека „прозорецот“ за шанси со САД сè повеќе се затвора

Севернокорејскиот дипломат Џо Чол-су изјави дека има се помали шанси за нормализација на односите со САД и додаде дека Пјонгјанг очекува од Вашингтон да преземе чекори во тој правец.

-Им дадовме на САД доволно време и до крајот на годината чекаме одговор, некакви резултати. Но, морам да кажам дека прозорецот за шанси секојдневно сè повеќе се затвора, рече директорот на одделението за Северна Америка во Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, пренесуват британските медиуми.

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокрејскиот лидер Ким Џонг-ун во јуни се согласија повторно да ги почнат разговорите за денуклеаризација на Корејскиот полуостров, што беа прекинати по нивниот неруспешен самит во февруари, во Ханој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот