„Пивофест“ наплаќа 60 денари за транзит низ Прилеп (ФОТО)

Фото Архива на СП

По почетокот на „ПивоФест 2019“ на влезовите во Прилеп, како и на транзитните точки поставени се бариери на кои се наплаќа доколку сакате да влезете, но и да поминете низ Прилеп со цел да стигнете до вашата дестинација која не е во градот, пишува порталот Аутоклуб.мк

– Им објаснив дека патувам во Македонски Брод и ги прашав од каде треба да одам за да не платам, но тие арогантно одговорија дека мора да платам за да поминам и дека нема друг начин. Не ми значеа ништо 60-те денари во споредба со нивното дрско однесување – вели револтиран читател на Аутоклуб.

Градоначалникот Илија Јованоски денеска на прес-конференција изјави дека паркирањето ќе започне од периферијата кон централното градско подрачје без при тоа да се наведе дали оние кои транзитираат треба да платат или да се движат по друга рута, наведува порталот Аутоклуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот