Петтото издание на „Омнибустопија“ делумно е во знакот на ремикс уметностите

Мултимедијалниот настан „Омнибустопија“ во своето петто издание ќе се одржи на 28 и 29 септември и ќе донесе програма со ексклузивни концерти, изложба, разговори и работилници.

Програмата на петтата „Омнибустопија“ ќе биде делумно во знакот на ремикс уметностите. По три години, повторно, дел од настаните ќе се реализираат во автобус на ЈСП.

Во рамките на главната програма на 28 септември (четврток), од 20 часот, во автобус на ЈСП поставен кај Фонтана на Градскиот парк во Скопје концерт ќе одржат Драган Теодосиев трио (Благојче Томевски – кларинет, Стефан Миладинов – електрична гитара и Драган Теодосиев – тапани), а ќе има и разговор на Јордан Шишовски и Мариглен Демири.

На 29 септември (петок), од 20 часот, во „Јавна соба“ ќе биде отворена групна изложба на колективот „Матријаршија“ од Белград, а концерти ќе одржат бендовите „Црно дете“ (Дамјан Бркиќ – електрична гитара, Милан Букељовиќ – тапани и Томислав Марјановиќ – саксофон) и „Сетстат“ (Васко Бојаџиски – саксофон, Владан Дробицки – тромбон, Панче Бујуклиев – синтисајзери, Павел Дробицки – бас гитара и Гоце Наумов – тапани).

Како претпрограма на 26 и 27 септември во просториите на „Партизанска штампа“ се одржа работилница на тема ресоздавање/редизајн на постери на филмови и корици на музички албуми. Работилницата ја водеа Билјана Димитрова и Милош Стојановиќ од „Партизанска штампа“.

Во Кинотеката на 25 и 26 септември се одржа работилница за реимагинација на македонска и светска филмска музика. Работилницата ја водеше реномираниот македонски џез музичар Јордан Костов.

Сите настани се бесплатни, освен концертите на „Црно дете“ и „Сетстат“, за кои ќе се наплаќа билет од 300 денари (до 28 септември, а на денот на концертот, билетот ќе чини 400 денари). Настанот е поддржан од Министерството за култура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот