Петков: Важно е Бугарите во С Македонија да бидат рамноправни со другите народи

Кирил Петков
Кирил Петков / Фото: Јутјуб/принтскрин

Бугарскиот премиер Кирил Петков, во разговор за „360 степени“, одговори на прашањето – што конкретно се очекува од Република Северна Македонија на планот на правата на Бугарите во земјава.

– Важни се две работи. Првата, Бугарите во Северна Македонија да имаат рамноправни права со другите конститутивни народи, тоа е важно да се каже. И се разбира, не само за тоа, туку како принцип, да сме сигурни дека ќе нема јазик на омраза, дискриминација и ќе нема занемарување на човековите права за сите граѓани во Република Северна Македонија. Со други зборови, ние сакаме да сме сигурни, а јас мислам дека тоа е добро и за Република Северна Македонија и за Бугарија, дека сите права на Бугарите во Република Северна Македонија како и на останатите заедници, се еднакви, а се еднакви и пред законот, вели Петков.

Бугарскиот премиер смета дека „тоа не е мешање кај вас, тоа е општо европски…“.

– Мислам дека и Република Северна Македонија тоа би требало да го постави на високо ниво. За сите граѓани на ЕУ тоа треба да е факт. Така што, од таа гледна точка, сакам многу јасно да кажам дека се радувам дека пред толку години ја признавме Република Северна Македонија како независна држава со сите права кои една независна држава треба да ги има. Прашањето овде е да сме сигурни дека недозволуваме некакви националистички расположенија да бидат повод за дискриминирање, вели бугарскиот премиер.

ВИДЕО | Петков нѐ уверува: Никој не го оспорува вашето идентитетско право

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот