Пет фудбалери ја напуштија Шкендија, Бејтулаи оди во странство

Актуелниот шампион ја стартуваше првата фаза од подготовките, најавени се четири контролни натпревари во турската Анталија.

Тетовскиот прволигаш и официјално ги започна зимските подготовки за пролетниот дел од сезоната, а освен нови засилувања, од клубот си заминуваат и играчи.

„Црвено-црните“ се поделени во две групи со цел да ги поминат медицинските тестови во Приштина.

Како што потврдува фудбалскиот клуб Шкендија, вкупно пет играчи ја напуштија екипата, тие се репрезентативец Егзон Бејтулаи, потоа Зени Хусмани, Шефит Шефити, Јакуп Бериша и Салејдин Мустафи.

Бранителот на титулата во македонскиот фудбалски шампионат информира дека одбранбениот фудбалер Бејтулаи има желба да ја продолжи кариерата во странство.

Составот предводен од тренерот Ернест Ѓока во периодот од 23 јануари до 8 февруари ќе биде во Анталија (Турција) каде што ќе ја води главната фаза од подготовките и според најавите формата ќе ја темпираат и преку четири контролни натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот