Песков: Навални е слободен да ја напушти Русија и да се врати во неа кога сака

Дмитриј Песков / Фото: Архива

 Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека опозициски настроениот блогер Алексеј Навални, како и секој друг руски граѓанин, е слободен да ја напушти земјата и да се врати во неа кога сака.

– Секој државјанин на Русија е слободен да замине или да се врати во Русија, рече Песков на прес-конференција.

Песков на тој начин ги коментираше наводите на „Њујорк тајмс”, според кои, во разговор со претставниците на германските истражни органи, Навални рекол дека не планира да емигрира во Германија и дека би сакал да се врати во Русија и да го продолжи својот претходен ангажман.

Одговарајќи на прашањето дали Кремљ е задоволен од одлуката на Навални, со оглед на силните реперкусии што ги предизвика неговиот случај низ целиот свет, Песков подвлече дека „кога руски државјанин ќе се опорави и неговото здравје ќе се врати во нормала, секако, сите се задоволни”.

Како што наведува руската агенција ТАСС,  Песков рече дека Кремљ не е во можност внимателно да ги следи промените во здравствената состојба на Навални. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот