Перу: Пожар во автобус, 20 загинати

Најмалку 20 патници загинаа кога во перуанскиот главен град Лима се запалил двокатен автобус, соопшти противпожарната служба.

Очевидци изјавија дека огнот го зафатил моторот на автобусот и брзо се проширил низ возилото. Причината за пожарот сè уште се истражува.

Градоначалникот на Лима, Хорхе Муњос истакна дека автобусот го зафатил оган на станица, која властите пред неколку денови ја затвориле бидејќи се наоѓа на локација каде што илегално се продава гориво.

– Веројатно патниците на вториот кат од возилото превезувале гориво, нагласи Муњо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот