Перформативна дискусија „Женски простори” во Музејот на современата уметност

Во Музејот на современата уметност – Скопје на 31 јули, во 19.30 часот ќе се одржи отворена дискусија на тема „Женски простори” како дел од перформативниот простор на вмрежување во рамките на програмата на изложбата „Родови перцепции”.

Со цел да одговори на локалната и регионална потреба од квалитативна размена на знаење и искуства кои се однесуваат на културната и уметничка продукција, но и на уметничките истражувања и пракси и кураторски практики, „Женски простори” ќе обедини претставнички на неколку организации кои континуирано работат на вклучувањето на жените во уметноста и културата. Така, работата на „Место женск“ од Љубљана, Словенија ќе ја претстави Лана Здравковиќ, Јана Коцевска и Кристина Леловац ќе ги споделат искуствата на „Тииит! Инк“ од Скопје, а Кумјана Новакова ќе говори за активностите во овој домен на МСУ – Скопје.

„Место женск“ од Љубљана е една од најреномираните независни организации од просторот на бивша Југославија која веќе 25 години работи на полето на културата, уметноста, критичката теорија и феминизмот и се залага за еднаквост, разновидност и солидарност. Оваа година „Место женск“ ја доби престижната награда Принцеза Маргарет на Европската културна фондација.

„Тииит.инк“ е најзначајната женска платформа во Скопје која работи на креирањето на услови за развој на женската интелектуална и креативна продукција и активното учествува во промоцијата и развојот на независната културна сцена.

“Женски простори” има за цел да ги идентификува новите иновативни формати за вклучување на жените во уметноста во различните контексти во регионот, преку вмрежување на актерки кои работат на искоренувањето на родовиот диспаритет во современата уметност.

“Женски простори” е дел од програмата на изложбата “Родови перцепции” која се реализира во соработка со Британскиот совет, а претставени се 39 дела од 25 светски реномирани авторки од Британија и Северна Македонија, како што се Трејси Емин, Сара Лукас, Лубаина Химид, Анета Светиева, Моника Мотеска. Посетителите на МСУ ќе можат да ја посетат изложбата сѐ до 12 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот