Пепе за инцидентот со Алиоски: Го разочарав тимот и им се извинувам на фановите!

Фото: EPA-EFE/Paul Ellis/POOL

Изминатиот викенд Езџан Алиоски се најде во центарот на вниманието откако беше удрен со глава од играчот на Арсенал Николас Пепе, по што главниот судија му додели црвен картон на фудбалерот од Брегот на слоновата коска.

Македонецот одлично ги исполнуваше задачите не дозволувајќи му на противничкиот играч да направи нешто повеќе на теренот и воедно придонесе во ремито од 0:0.

Членот на „топчиите“ преку социјалните мрежи им се извинува на навивачите поради ваквиот потег.

– Во клучен момент го разочарав мојот тим и нема изговори за моето однесување. Длабоко жалам и им се извинувам на навивачите, моите соиграчи, мојот тренер и сите во Арсенал – напиша Пепе на „Инстаграм“.

Веќе неколку пати се најавува дека нашиот играч ќе ја продолжи соработката со премиерлигашот од „Иланд роуд“. Македонскиот репрезентативец на крајот од сезоната му истекува договорот со Лидс јунајтед.

Според „Фудбал Инсајдер“, Лидс му нуди нов подобар договор на Алиоски и се надева дека сето тоа ова ќе се реализира во јануари 2021 година.

Полициска истрага по заканите упатени кон Алиоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот