Пендиков тврди дека и 23-годишен битолчанец бил меѓу тепачите

Фото: БТВ/принтскрин

Новопечениот бугарски државјанин, Христијан Пендиков, денеска пред обвинител во Охрид објаснувал какви повреди имал од тепањето во јануари, а бил дојден за да изврши препознавање на втор осомничен дека учествувал во претепувањето, за кое тврди дека се случило поради тоа што имал бугарско национално чувство.

Станува збор за засебна постапка која се води против битолчанец на возраст од 23 години. Од обвинителството за „Макфакс“ велат дека и во овој случај Пендиков има својство на оштетен. Повеќе детали не се споделуваат, а приказната која Пендиков ја раскажа во обвинителството утре ќе треба да ја соопшти и пред судија.

Според првичните информации, битолчанецот се сомничи дека сторил кривично дело Нанесување тешки телесни повреди, а за него се бараше да се определи мерка за обезбедување присутност. Доколку исказот на Пендиков соодветствува со доказите кои се обезбедени од обвинителството, меѓу кои и снимката од тепањето, тогаш младиот осомничен битолчанец ќе седне на обвинителна клупа.

Презентирана снимката од инцидентот со Пендиков, адвокатот на обвинетиот вели дека таа не докажува ништо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот