Пендаровски во Глазгов се сретна со Бајден, Меркел и Столтенберг

Пендаровски и Бајден на конференцијата во Глазгов / фото: Кабинет на Претседателот на РСМ

Претседателот Стево Пендаровски денеска на маргините на Светскиот лидерски самит на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26), што се одржува во Глазгов, оствари куси средби со американскиот претседател Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите средби со светски државници, соопшти кабинетот на Претседателот.

Пендаровски и Меркел на конференцијата во Глазгов / фото: Кабинет на Претседателот на РСМ

Меѓу другите политичари со кои се сретна македонскиот претседател се и: словачката претседателка Зузана Чапутова, индискиот премиер Нарендра Моди, израелскиот премиер Нафтали Бенет, британската министерка за Европа и Америка, Венди Мортон, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со поранешната британска премиерка Тереза Меј.

Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, шефот на државата денеска присуствуваше и на настанот со кој се означи почетокот на глобалната заложба за метан, како иницијатива на претседателот на САД, Џозеф Бајден и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, како и на лидерскиот настан „Акција и солидарност – критичната деценија”, во организација на премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот