Пендаровски: Не можам да го дадам мандатот на економот на „Бихаќка“, треба да ми дадат име

Стево Пендаровски
Стево Пендаровски / Фото: МИА

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва беше гостин на телевизијата Канал 5, каде се осврна на уставно пропишаниот процес за формирање на новата влада на земјата.

Откако Собранието денеска ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, претседателот примил формално известување дека таа е констатирана и сега течат уставните рокови, а новата влада се очекува да биде формирана за десетина дена.

Запрашан за новиот мандатар, Пендаровски рече дека тој мора да добие официјално име и презиме од партијата за да одлучи за таквата позиција. Тој вели дека „дава парче хартија и мора да го знае лицето на тој човек“.

„Не можам мандатот да го дадам на економот на „Бихаќка“. Треба да ми кажат на кој треба да го дадам мандатот. Ќе побарам потписи, видувања еден со друг. Ми треба име и презиме за кандидатот за премиер. Тоа ќе се случи во текот на следната седмица“, рече Пендаровски во „Само интервју“ на Канал 5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот