Пендаровски-Ѓукановиќ: Односите на двете земји се пријателски

Фото: Арбнора Мемети

Претседателите на Македонија и на Црна Гора, Стево Пендаровски и Мило Ѓукановиќ на билатералната средба се согласиле дека односите на двете земји се пријателски и продолжуваат без отворени прашања.

– Нашите две држави ги поврзува заедничкото минато, но повеќе заедничката иднина, просперитетот кон обединета Европа, како земја ја цениме поддршката од Црна Гора. Сакам да нагласам дека Црна Гора е меѓу првите земији која нè поддржува. Добив убедување дека тоа ќе продолжи – рече шефот на државата, Стево Пендаровски.

Нековиот колега, Ѓукановиќ очекува дека во иднина ќе продолжи соработката меѓу двете земји.

– Во Црна Гора сме уверени дека нестабилноста, по која за жал е познат Балканот, е последица на демократски развој на нашиот регион. Одговорот на нашиот проблем мора да биде интеграција, достигнување на европски квалитет на нашиот народ. Ние сме веќе членка на НАТО и сме во преговори со Европската унија. Сметаме дека е важно да ја поддржиме и Северна Македонија кон тој пат – изјави претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Тој додаде дека треба двете земји да ја унапредат економската соработка.

На оваа средба, Пендаровски, за првпат беше домаќин на негов колега, откако е претседател на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот