Пендаровски ги поздрави опозиционерите од Градско: За мене делби не постојат!

Пендаровски во Градско/Фото: Фејсбук

Актуелниот претседател Стево Пендаровски кој денеска ја продолжи кампањата за втор претседателски мандат во Градско, на својот Фејсбук профил објави како ги поздравува приврзаниците од спротивниот табор, односно члленовите од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Градско.

-Почит и поздрав до сите! За мене делби не постојат, напиша Пендаровски во описот на фотографијата објавена на неговиот Фејсбук профил.

На агендата на Пендаровски денеска се средби со граѓаните од Демир Капија, Градско, Росоман и Неготино, а централниот митинг е во Кавадарци во 20 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот