Пендаровски: Без уставни измени до ноември државата демократски ќе се уназади, но дестабилизација нема да има

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Нема опасност од дестабилизација на државата, но  можно е драстично демократско уназадување и економско стагнирање ако уставните измени во Сообранието не се изгласаат до ноември, изјави Претседателот на државата  Стево Пендаровски, во интервју за емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24.

-Не можам да кажам дека нема да бидат, не ги знам евентуалните комуникации, ако постојат, кои луѓе од Владата или меѓународни посредници можеби ги имаат со двете страни. Можеби тука нешто ќе се промени. Но, гледам дека позицијата на опозицијата е прилично тврда, а искуството ме учи дека кога се приближуваме кон избори, а изборите се за седум до десет месеци од денес, многу тешко го менувате тој став кој ви носи партиски поени. Овој став на главната опозициска партија е од чисто партиски резон, за да добијат гласови, особено кај етничките Македонци, рече Пендаровски.

Смета дека „не е никаков проблем, ниту опасно  за стабилноста, перспективите и иднината на Македонија Бугарите да бидат една од 12-13 заедници кои ги имаме или ќе ги имаме во Уставот“.

-Ако 3 500 луѓе што живеат во Македонија се проблем, тогаш не знам што друго би било реален проблем што би ни се заканувал, рече Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот