Пелоси смета дека Техеран прави голема грешка што и помага на Москва

Ненси Пелоси
Ненси Пелоси / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

САД ќе продолжат да и помагаат на Украина без оглед на резултатите од претстојните избори во САД, изјави претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, која е во посета на хрватскиот главен град Загреб.

На 8 ноември Американците излегуваат на гласање за Конгресот, што би можело да го промени односот на силите во Претставничкиот дом и Сенатот. Доколку републиканците ја преземат контролата, аналитичарите веруваат дека Вашингтон може да ја запре или намали помошта за Украина.

„Нашата поддршка нема да престане“, рече Пелоси на прес-конференцијата со премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ.

Демократскиот лидер додаде дека Киев ја има поддршката од двете партии и од двата дома на Конгресот и дека оваа поддршка започнува од Белата куќа. Пелоси истакна дека американската поддршка за Украина не е „бланко чек“, бидејќи таа земја покажала интегритет и транспарентност во примањето помош. „Ова е однос со голем интегритет, за демократија и слобода во светот“, рече таа.

Зборувајќи за беспилотните летала што Иран и ги испорачува на Русија, Пелоси рече дека Техеран прави голема грешка и дека односот меѓу Русија и Иран е порака до оние земји кои се воздржуваат од гласање во глобалните тела кои ги осудуваат постапките на Москва „да размислат повторно“.

Таа нагласи дека Украина постигнува „одредени успеси“ против беспилотните летала.

„Тоа е опасна технологија која мора да се запре“, рече Пелоси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот