Пелистер е пресилен за Вардар, Феникс 2010 ја потврди фаворитската улога против Охрид

фото: kfsm.mk

Две четвртини во кои постигнаа 30 и повеќе поени, и уште две кои беа блиску до таа граница, им беа повеќе од доволни на кошакарите на Пелистер да го одработат, и над своите очекувања, дуелот со екипата на Вардар (116:74) во Првата лига.

За битолската екипа доминираше македонскиот репрезентативец Маслинко со 26 поени, девет скокови и четири асистенции. За Вардар како најефикасен се истакна Атанасов со 15 поени.

Во последниот натпревар од деветтото коло, Феникс 2010 одигра одлична втора четвртина во која го скрши отпорот на Охрид, и ги освои двата бода од гостувањето во „Билјанини извори“.

Кај победникот блескаше Трајковски со 35 поени, следен од Рис со 27 поени (седум скокови), а за Охрид Бернард имаше 16 коша и по шест скокови и асистенции, а 13 поени постигна Ибраими.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 9 КОЛО

Охрид – Феникс 2010 70:92
Пелистер – Вардар 116:74
Гостивар – Навико Академија ФМП 90:92
Кожув – Работнички 84:90
Еуро Никел 2005 – ТФТ Моцарт 66:65
МЗТ Скопје Аеродром – Чаир 2030 91:58

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 17 бодови, Еуро Никел 2005 15, Работнички 15, Пелистер 15, Чаир 2030 15, ТФТ Моцарт 14, Феникс 2010 14, Гостивар 13, Вардар 12, Кожув 11, Навико Академија ФМП 11, Охрид 10.

ИДНО КОЛО (02.12)

Навико Академија ФМП – Пелистер
Чаир 2030 – Еуро Никел 2005
Кожув – Гостивар
Работнички – Феникс 2010
ТФТ Моцарт – Охрид
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот