Павле Богоевски: Мал опис од краткото кметување на Данела со Скопје

Павле Богоевски
Павле Богоевски / Фото: Фејсбук, Павле Богоевски

Поранешниот пратеник на СДСМ, Павле Богоевски, на Фејсбук се осврна на првата недела на Данела Арсовска како градоначалничка на Скопје.

„Мал опис од краткото кметување на Данела со Скопје – за само седум дена:
1. Имаше став „јас не сум од тука“ за насилството на вмровскиот шериф врз работниците на Галијата кој се руши. Во одговор на новинарско прашање „го осуди целото насилство, па и ова“, но Град Скопје немаше никаква официјална реакција;
2. Најави прекинување на проектот за БРТ систем и онака, „менаџерски“ одби пари кои Европската банка за обнова и развој ги издвои за Скопје, а со тоа и го загрози целиот Акциски план за Зелен град кој е поддржан од ЕБОР и кој се развиваше и имплементираше 4 години;
3. Стана првата Градоначалничка во историјата на Скопје која не се појави на доделувањето на наградите „13ти Ноември“, поради исклучиво партиски причини;
4. Фамозниот проект за „бесплатен јавен превоз“ е сведен на „селење на Марс“ и на една предизборна сликичка со прескап кинески електричен автобус и порака „Избери 250 нови еколошки автобуси“, пишува Богоевски.

„Ама добро па, овој „Арогантниот“ новите велосипедски патеки низ целиот град ги направи само 80, а не 110см, како што е стандардот во Данска – така што, изедначена е работава“, додава тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот