
Партизан врза две победи во Евролигата, Шортс и Панатинаикос поразени кај Басконија
Кошаркарите на Партизан вечерва стигнаа до втората победа во Евролигата откако на свој терен во Белград го добија турскиот Ефес со 93-87
Препорачано
Партизан од првата минута беше подобриот тим на теренот и многу брзо дојде и до двоцифрена разлика (21-10). Сепак, Турците до крајот на четвртината успеаа да намалат на 31-24.
Второто полувреме одново донесе подобра игра на српскиот гигант, па така тука, речиси констатно Партизан водеше со двоцифрена разлика за на пауза да заминат со 55-43.
Но, Ефес не се откажа и третиот период за нив беше најдобар во овој натпревар, во него успеаа да дојдат на само „минус два“ и во одлучувачкиот период се влезе со 71-69 на семафорот.
Таму, Партизан одново „додаде гас“ и ги израдува навивачите со уште еден триумф втор во низа по стартниот пораз од Дубаи.
Натпревар вечерва со својот Панатинаикос имаше и македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, а грчкиот тим загуби на гости кај Басконија со 82-84. Шортс помина нешто помалку од 20 минути на паркетот и во нив забележа четири поени, еден скок и две асистенции.
Презеемено од: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7час
-
7час
-
8час
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5