Партијата Ренесанса бара формирање истражна комисија за можното „руско финансирање“ на француските партии

Емануел Макрон
Емануел Макрон / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN HARTMANN

Осум пратеници од француската партија Ренесанса побараа формирање на анкетна комисија во Националното собрание, која треба да го истражи евентуалното руско финансирање на партиите во Франција, јави дописникот на МИА.

Барањето на пратениците од Ренесанса уследи по обелоденувањето на декласифицираните американски информации за неколку стотици милиони евра платени од Русија во неколку земји.

Додека партијата Национален собир, кој ги отфрла обвинувањата на мнозинството дека зависи од руската власт, исто така најави дека в понеделник ќе поднесе резолуција за формирање на анкетна комисија во Парламентот. Според нив комисијата би ги истражила врските на политичарите од Ренесанса со Катар, со Кина, како и поврзаноста на партијата на претседателот Емануел Макрон со американските гиганти Амазон, Мајкрософт, Гугл или Убер.

Според декласифицираниот документ на американските разузнавачки служби објавен на 13 септември, Русија од 2014 година исплатила неколку стотици милиони евра на политички партии во неколку земји со цел да го зголеми своето влијание и да влијае на изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот