Пациентка предизвикала пожар во Оддел за ковид во бугарскиот град Русе

Пациент / фото: ЕПА

Пациентка предизвика пожар во Одделот за ковид во болницата во Русе, јавија бугарските електронски медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, пациентката  била приклучена на двоен извор на кислород, но ја симнала маската од лицето и со запалка почнала да бара предмет што и паднал вечерта под нејзиниот кревет. Близината на огнот до кислородот ја запалил маската и предизвикал пожар.

Само поради брзата и соодветна реакција на дежурниот тим, пожарот брзо е локализиран во Одделот за ковид во болницата Русе. Навремената реакција ја помогнала и самата пациентка, која веднаш дала сигнал преку алармниот систем во болницата.

Опожарени се неколку кревети, sидовите и апаратите со кислород во болничката соба. Четворицата пациенти не биле загрозени и тие веднаш биле префрлени во други простории.

Раководството на болницата во Русе размислува да издаде наредба според која на пациентите не треба да им биде дозволено да носат запаливи уреди при влегување во медицинска установа

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот