Овој човек е ноќна мора за „Твитер“ и „Фејсбук“: Трамп потпиша нов налог кој се заканува на доминацијата на технолошките гиганти

epa08150634 US president Donald J. Trump speaks to the media before leaving the 50th annual meeting of the World Economic Forum (WEF) in Davos, Switzerland, 22 January 2020. The meeting brings together entrepreneurs, scientists, corporate and political leaders in Davos under the topic 'Stakeholders for a Cohesive and Sustainable World' from 21 to 24 January 2020. EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Малкуте монополи на социјалните медиуми контролираат огромен дел од сите јавни и приватни комуникации во САД- рече Трамп во Белата куќа во четвртокот, пред потпишувањето на налогот.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела започна војна со социјалните мрежи и се закани дека ќе ги „затвори“ платформите „Фејсбук“ и „Твитер“. Трамп потпиша извршна наредба за спречување на цензурата преку Интернет, која е цел на социјалните мрежи, само неколку дена откако „Твитер“ ги обележа неговите два твита како предупредувачки, со цел проверка фактите, пишува „Форбс“.

Овој потег би можел да ги остави овие технолошки гиганти без нивните „издавачки“ пред се платформски привилегии и дополително ќе отвори врата за децентрализиран блокчејн (база на податоци) за алтернативите кои веќе почнуваат да ја загрозуваат доминацијата на „Фејсбук“ и „Твитер“.

-Малкуте монополи на социјалните медиуми контролираат огромен дел од сите јавни и приватни комуникации во САД- рече Трамп во Белата куќа во четвртокот, пред потпишувањето на налогот.

Тие имаат неконтролирана моќ да цензурираат, ограничат, уредуваат, обликуваат, кријат, менуваат, буквално секоја форма на комуникација помеѓу приватните граѓани и големите јавни групи – додаде тој.

Трамп, кој редовно ги обвинува „Фејсбук“ и „Твитер“ за цензурирање на конзервативните гласови, тврди дека сака да „ја брани слободата на говорот од една од најголемите опасности со кои се соочила Америка“.

Фејсбук и Твитер, заедно со другите социјални мрежи како што е ЈуТјуб, се принудени да донесуваат одлуки за тоа кој може да објавува на нивните платформи. „Форбс“ наведува дека големината и обемот на овие платформи потсетуваат на некои од најголемите банки во екот на финансиската криза, иако тие сега не се доволно големи за да пропаднат, туку се премногу големи за да бидат блокирани.

Активистите за апсолутна слобода на говор изјавуваат дека цензурата на најголемите платформи ги спречува да учествуваат во општествениот живот, додека строгите капиталисти веруваат дека комерцијалните бизниси треба да бидат во можност да одлучуваат кој да ги користи нивните услуги и не може да обезбеди рамка за луѓе и мислења со кои не се согласува или тоа може да ја загрози нивната суштина.

Некои веруваат дека одговорот на решението за овој проблем лежи во социјалните мрежи засновани на блокчејн технологијата кои се „отпорни“ кон владата или внатрешната контрола.

Со неодамнешната политизација на Фејсбук, Гугл и другите големи социјални мрежи, децентрализираната„ веб3“ теза за криптовалутите никогаш не била толку потценета како што е сега, наведе на „Твитер“ Су Џу, извршен директор на компанијата „Three Arrows Capital“.

„Web3“ е идеја дека третата генерација на Интернетот – по раната верзија и по втората генерација која ја контролира Силиконската долина – која ќе им овозможи на корисниците да ги контролираат сопствените податоци и ќе обезбеди транспарентна монетизација. Во последниве години, се појавија низа децентрализирани проекти на социјалните платформи, но досега тие не успеаја да навлезат во мејнстримот. Меѓу нив се „Мајндс“, лансиран во 2015 година, „Блок.оне“, компанијата која стои зад продажбата на ЕОС блокчејнот, и проектот на научниците Дејвид Гулетер и Роб Розентал од Вол Стрит, кој е во изградба.

-Дали Твитер со обележување на фактите води до моментот Франц Фердинанд?“, прашува Даниел Грос, основачот на стартапот „Пионер“, повикувајќи се на убиството што се смета за причина за Првата светска војна. „Дали е ова почеток на регулаторна војна за социјалните мрежи?“.

Твитер и Фејсбук се заштитени од законска одговорност за содржините што ги поставуваат нивните корисници во рамките на параграфот 230 од Законот за комуникации од 1996 година, бидејќи се регистрирани како „платформа” а не како „издавачи” кои можат да бидат тужени за содржината.

Трамп изјави дека тој параграф може да „биде отстранет или изменет” за социјалните мрежи да немаат правен имунитет.

Извршниот директор на Твитер, Џек Дорси претходно изјави дека компанијата „ќе продолжи да укажува на неисправни и спорни информации за изборите глобално”.

Експерти од таа област изразија сомнежи дека тоа е можно без одобрување од Конгресот.

Твитер го сокри твитот на Трамп: Kога ќе почнат грабежите, ќе почне и пукањето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот