Овие новогодишни подароци никој не ги сака!

Пријателки кои си даваат божиќни подароци / Фото: Pexels/Karolina Grabowska

Да бидеме искрени, сите сакаме да добиваме подароци. Но, се случуваат и оние кошмари при добивање на најлошите можни подароци и тешко е да се преправате дека сте среќни кога ќе видите што сте добиле.

Исто така, секој бил во ситуација да не знае што да подари некому. Тогаш настанува проблем и на крајот знаеме да подариме нешто што очигледно не им се допаѓа.

За да се спасите од непријатноста, погледнете ја листата на омразени подароци што во основа никој не сака да ги добива.

Календар

Да бидеме реални: календарите се канцелариски материјали, а не подароци. А денес веќе не се ни корисни, бидејќи сѐ повеќе луѓе користат дигитални календари.

Опрема за вежбање

Во ред е да подарите опрема за вежбање ако имате работа со личен тренер или со зависник од фитнес. Во спротивно, ризикувате некого ненамерно да навредите.

Опрема за вежбање / Фото: Pexels/Karolina Grabowska

Пари

Постарите деца или тинејџери можеби сакаат пари, но давањето готовина на возрасните може да биде многу непријатно. И показател за вашата незаинтересираност за човекот.

Козметика

Сè што е поврзано со лична нега или хигиена е, исто така, меѓу најлошите подароци. Во основа, вие испраќате порака дека тоа е сè што заслужува примачот. На пример, замислете да добиете крем против брчки.

Козметика / Фото: Pexels/Emma Bauso

Средства за чистење

Чистењето не е забавно, а средствата за чистење не се подарок. Вашите пријатели и семејството ќе се прашуваат што навистина се обидувате да кажете.

Долна облека

Долната облека е романтична доколку приватно му ја дадете на партнерот. Но, ако ѝ ја давате на вашата внука, тогаш тоа е едноставно чудно!

Градник / Фото: Pexels/Taryn Elliott

Грд празничен џемпер

Грдите празнични џемпери можат да бидат забавни за некоја журка, но исто така се и грди подароци. Наместо тоа, одберете нешто друго!

Колачи

Колачите во никој случај не се добар подарок. Особено ако мора да стојат. Прескокнете го купувањето на колачињата во кутии и одлучете се за буквално сè друго освен за колачи што може да стојат неколку дена без да го изгубат својот вкус.

Божиќни колачиња
Божиќни колачиња / Фото: Pexels/Pavel Danilyuk

Сувенири

Не е важно дали го посетиле местото или не. Веројатно не им треба магнет или уште една фигуричка што привлекува прашина за да го прослават вашето патување, пишува MSN.

Парфем

Повеќето луѓе се пребирливи за парфеми и можеби не сакаат одредени мириси. Затоа, освен ако не знаете каков парфем сака некој, избегнувајте го овој подарок по секоја цена.

Парфем / Фото: Pexels/Valeria Boltneva

Освежувачи на воздух

Барем свеќите имаат некој сезонски сентимент. Но, да подарите некому освежувач е исто како да му кажете дека му смрди куќата…

Чорапи

Иако можеби не е најлошиот празничен подарок, едноставно е премногу практичен и здодевен. Исто така, овој подарок е јасен знак дека некој нема поим што сакате.

Божиќни подароци / Фото: Pexels/Thirdman

Евтини слатки и чоколадо

Ако вашиот подарок ќе може да се јаде, подобро е да биде квалитетен. А тоа би можело да чини малку повеќе отколку што очекувате.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот