„Ова е непријателски чин“: Москва ќе одговори на протерувањето на руски дипломат од Скопје

Москва, Русија
Москва, Русија / Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Русија ќе преземе соодветни чекори како одговор на протерувањето на еден руски дипломат од Северна Македонија, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

– На 14 мај дипломатското претставништво на Северна Македонија презеде непријателски чин во односите со Русија. Власта еден од руските дипломати го прогласи за „персона нон грата“. Најостро ги осудуваме таквите неосновани потези кои дефинитивно ќе влијаат на односите меѓу Русија и Северна Македонија. Ќе следат мерки на одговор, се наведува во соопштението.

Македонското МНР во вторникот соопшти дека, согласно член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, еден дипломат на Руската амбасада во Скопје е прогласен за непожелна личност во Северна Македонија.

Нотата со која се наложува дипломатот да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена, му била предадена на рускиот амбасадор во Скопје Сергеј Баздникин во МНР на 14 мај.

Руски дипломат прогласен за персона нон грата во Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот