Ова е лек за косата по прележан ковид-19: Едноставен рецепт, а резултатите се брзо видливи

Profimedia
Фото: Profimedia

Многумина по прележување на коронавирусот, имаат слични потешкотии со кои се соочуваат. Најчесто е тоа константниот умор, исцрпеност, променето сетило за мирис, но и уште една многу честа последица: голем број жени (повеќе од мажите) се соочуваат со косопаст.

Иако паѓањето на косата претежно се поврзува со здравствени проблеми поврзани со тироидната жлезда, анемија или промена на метаболизмот, сега се потврди дека и коронавирусот може да биде причина за тоа.

Стручњакот за коса, Елена Малцева раскажа како може да го спречите опаѓањето на косата по прележан ковид, но не само тоа – можете да си помогнете и со поттикнување раст. Се работи за една чудотворна маска за коса, за која не ви требаат ампули или витамин, туку состојки што веќе ги имате дома.

маслиново масло коса
Фото: Profimedia

За подготовка на смесата потребно е да промешате едно апче витамин Б6, едно апче Б12, еден грам витамин Ц (можете мало парче од апчето), две лажички чичково или рицинусово масло, две лажички мед загреани на пареа и малку балсам за коса.

Сите овие состојки добро промешајте ги и втријте ги во коренот на косата, ставете капа и крпа врз главата за да направите ефект на „сауна“. По еден час измијте ја косата со благ шампон.
Доколку оваа маска ја користите редовно, ќе имате за кратко време големо подобрување на јачината на вашето влакно и погуста коса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот