Отровна материја расфрлена во Карпош, умираат бездомни животни

Фото: МИА

Меѓу комплексот згради на крстосницата меѓу улицата „Варшавска“ и „8 Септември“ во општина Карпош расфрлена е отровна материја, предупредува Центарот за управување со кризи – Скопје.

Од оваа отровна материја, од ЦУК велат дека умираат бездомни животни, а опасна е и за децата кои случајно може да дојдат во допир со неа.

Преку Регионалниот ЦУК Скопје пријавата е доставена до Општина Карпош и до ЈП „Лајка“, за нивно понатамошно постапување, а информирана е и полициската станица „Карпош“ од каде е добиена инфромација дека е испратена екипа на терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот