Откажани мисите ширум Италија: Папата Франциск се помоли за жртвите од коронавирусот

Папата Франциск се помоли за жртвите од вирусот и медицинскиот персонал.

Ватикан продолжува со плановите на папата Франциск за одбележување на „сива среда” или првиот ден на католички велигденски пост иако мисите во другите делови на Италија се откажани поради стравот од новиот коронавирус.

Папата Франциск се помоли за жртвите од вирусот и медицинскиот персонал.

– Уште еднаш сакам да изразам блискост со тие кои страдаат од коронавирусот и со здравствените работници кои ги лекуваат, како и со цивилните власти и сите кои им помагаат на пациентите во стопирање на заразата, посочи папата Франциск.

Илјадници верници на плоштадот Свети Петар носеа заштитни маски, а папата Франциск бакна едно дете додека се движеше низ плоштадот и се ракуваше со верниците кои седеа во првиот ред, иако вообичаено само ги отпоздравува со рака.

Исто така папата се ракуваше и со високите свештеници на почетокот и на крајот од собирот, додека поголемиот број свештеници се воздржаа од бакнување на папскиот прстен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот