Осумина повредени при судир на затворен тобоган на Октоберфест во Минхен

Редици пред почетокот на Октоберфест во Минхен/Фото: EPA/ANDREAS GEBERT

При судир на затворен тобоган на Октоберфест во Минхен осум лица се полесно повредени јавуваат светските агенции. Несреќата се случи на првиот ден од 18-дневниот фестивал се судриле две композиции, извести полицијата.  Возењето наречено Хеленблиц или Пеколна молња  останува затворено во очекување на истрага, соопшти полицијата.

Лекарите рекоа дека повеќето од повредите се модринки, а три лица се пренесени во болница за дополнителна евалуација. Еден од возовите бил во мирување кога возот што се приближувал полека тргнал наназад од непознати причини, изјави директорот на атракцијата Вили Отенс за ДПА во неделата.

Во секој од возовите имало по 30 луѓе, рече тој. „Имаше помал судир меѓу двата воза, сите луѓе излегоа сами“, рече Отенс. Познатиот фестивал на пивото Октоберфест се одржува секоја година во Минхен, привлекувајќи милиони национални и меѓународни посетители во главниот град на Баварија неколку недели во септември и октомври.

Фестивалот вклучува бројни карневалски атракции. Според Отенс, Пеколна молња е најголемиот патувачки тобоган во затворен простор во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот