Османи во посета на Франција на средби со Ле Дриан, Изабел Думон и Александар Адам

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, од денеска ќе престојува во работна посета на Франција, каде ќе оствари средба со министерот за Европа и надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан.

Како што соопшти МНР, покрај средбата со својот домаќин, 

Покрај билатералните односи, на средбата ќе се разговара и за европските перспективи на Република Северна Македонија, како и актуелните прашања поврзани со пандемијата и соработката на тој план. Во рамките на посета на Франција, двајцата министри, Османи и Ле Дриан, ќе потпишат и неколку билатерални договори, стои во соопштението на МНР.

Во агендата на Османи е предвидена и средба и со Марта Де-Сидрак, претседател на групата за соработка меѓу Франција и земјите од Западен Балкан на францускиот Сенат, а ќе има одделен состанок и со заменик генералниот директор на  Француската Агенција за развој, Филип Бодуен.

Работната посета на Париз на шефот на дипломатијата, Османи е дел од неговата дипломатска турнеја низ земјите членки на Европската Унија, со цел презентација на европското досие на Северна Македонија и реафирмација на поддршката за нашата земја, додава МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот