Османи – Реинсалу: Естонија целосно ја подржува евроинтеграцијата на С.Македонија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска имаше видео средба со министерот за надворешни работи на Република Естонија, Урмас Реинсалу, која е дел од дипломатските активности на министерот Османи во пресрет на претстојните европски самити на Европската Унија кога се очекуваат клучните одлуки за финализација на преговарачката рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција до крајот на годинава како официјален старт на преговорите.

Османи, како што информираат од неговиот кабинет, на видео средбата, ја поздравил силната поддршка која ни ја испраќа Естонија за нашата посветеност во остварувањето на европските стандарди во сите области.

– Очекуваме во претстојниот период да се завршат сите подготовки и усогласувања за да се одржи првата Меѓувладина конференција која ќе го означи почетокот на затворањето на поглавјата за нашето членство во ЕУ, како прв чекор за градење на нашата заедничка иднина, потенцираше Османи.

Министерот Реинсалу, како што информираат до МНР, ја реафирмирал определбата за натамошно јакнење на пријателството меѓу двете земји, ја поздравил реформската определба на министерот Османи во напорите за зачленување во ЕУ и укажал дека овој курс треба да продолжи да се имплементира во нашата држава.

На разговорот, се вели во соопштението, биле разгледани можностите за интензивирање на високиот политички дијалог, соработката во доменот на безбедноста во рамките на НАТО, но и преку учество на наши експерти во НАТО Центарот за сајбер безбедност во Талин, како и потенцијалите во трговијата, енергетиката, ИТ и дигиталните технологии.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот