Османи: На ВМРО-ДПМНЕ и на поединци од СДСМ им смета еднаквоста на Албанците

Министерот за надворешни работи Бујар Османи

Министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, вели дека на македонските партии им смета еднаквоста на Албанците во Македонија.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ и некои поединци од СДСМ сметаат дека Албанците им го земаат монополот, но, како што истакнува, во реалноста Албанците го кршат економскиот монопол.

„ Секогаш ќе кажам, дури и во СДСМ има такви на кои што им смета рамноправноста на Албанците, но не го кажуваат тоа, бидејќи не е точно да се каже дека Албанците ни го одземаат монополот, но велат дека ДУИ прави корупција. Не не! Албанците го кршат економскиот монопол. Да не ви смета тоа што Албанците нема да продолжат да ви дозволуваат да имате стопроцентен економски монопол на македонските компании, додека Албанците се на страна“  рече тој на ТВ 21.

Османи порача дека ако ДУИ има еден глас помалку од друга политичка партија на изборите, ќе оди во опозиција.

„Од денеска потпишувам во име на ДУИ, во име на Али Ахмети, како портпарол на партијата, како потпретседател на партијата, тврдам, дека ДУИ под никакви услови нема да стане дел од Владата. Албанците во никој случај не можат да бидат претставени во Владата освен од тоа што ја одразува волјата на граѓаните“, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот