Општината го награди со 500 евра за храброста нападнатиот старец од мечка во Пласница

фото: Фејсбук
За преживеаниот страв и храброста што ја покажа,  76-годишниот Минче Рамчески од Пласница доби парична награда во вредност од 30.000 денари од страна на Општина Пласница, пишува градоначалникот Алија Јаоски на социјалната мрежа Фејсбук.
„Денес општината одлучи на нашиот сограѓанин Минче Рамчески кој се најде во необична и застрашувачка ситуација да му додели финансиска помош од 30.000 денари за претрпен страв и неговата храброст.
Тој ги искористи своите вештини и храброст и се одбрани од напад на мечка. Со ова, ги повикувам сите наши сограѓани и нашата дијаспора да се приклучат во овој хуманитарен напор и да донираат за поддршка на нашиот граѓанин Минче Рамчески во неговата борба да го надмине овој тежок период. Ниту еден придонес не е мал, и секоја помош ќе има значаен удел во неговото физичко и емоционално опоравување“, стои во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот