ОН: Светот не успеа да ја „озелени” обновата од пандемијата

Обединети нации / Фото: aa.com.tr

Анализата на Програмата за животна средина на Обединети нации (УНЕП) и истражувачите од Универзитетот Оксфорд, покажува дека од 1,9 трилиони долари најавени за обнова предизвикани од ковид-19 меѓу 50 најголеми економии, само 341 милијарда долари се наменети за „зелени“ проекти.

Во извештајот се наведува дека од трошоците за спас и обнова од панддемијата со ковид-19, само 368 милијарди долари од 14,6 трилиони долари (2,5 проценти) се „зелени“.

– Сè уште нема прогрес кога станува збор за трошоците за обнова. Досега, глобално зелените расходи не се сразмерни со сериозноста на трите планетарни кризи на климатски промени, загуба на природата и загадувањето, изјави извршниот директор на УНЕП, Ингер Андерсен.

Тој додаде дека обновливата енергија е подостапна и пошироко распространета од кога и да било, и оти постоеше надеж дека владите ќе ја искористат можноста дадена од пандемијата да ги направат своите економии зелени и да и дадат приоритет на природата.

Иако невиденото економско забавување предизвикано од ковид-19 забележа драстично намалување на емисиите на штетни гасови во 2020 година, агенциите на ОН и Меѓународната агенција за енергетика предупредуваат дека се обновува енергијата на фосилни горива.

ОН проценуваат дека емисиите мора да паднат за скоро седум проценти, приближно еквивалентно на падот во 2020 година, за да можат да се задржат целите на Парискиот климатски договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот