ОН го осудија упадот на демонстрантите во парламентот на Либија во Тобрук

Обединети нации / Фото: aa.com.tr

Обединетите нации денеска го осудија упадот на демонстрантите во седиштето на либискиот Парламент во Тобрук.

„Правото на народот на мирни протести треба да се почитува и заштити, но немирите и вандализмот, како што е вчерашната рација во седиштето на Претставничкиот дом во Тобрук, се целосно неприфатливи”, напиша на Твитер Стефани Вилијамс, специјален советник на ОН за Либија.

Стотици демонстранти протестираа во главниот град Триполи и во други градови низ Либија. Протестите беа придружени со напади и палење на владини згради, вклучувајќи го и Претставничкиот дом во Тобрук, на истокот од земјата.

Протестите се случија еден ден откако лидерите во парламентот и собранието во Триполи не постигнаа договор за одржување избори за време на разговорите во Женева со посредство на ОН.

Претставникот на ЕУ во Либија, Сабадел Хозе, ги повика демонстрантите да „избегнат каква било форма на насилство”. Тој изјави дека демонстрациите покажуваат дека народот на Либија сака „промени преку избори” и дека „треба да се слушне нивниот глас”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот