ОН ги осудија нападите врз цивили и земањето заложници во Газа и го повикаа Израел да доволи хуманитарната помош да стигне до таму

Војна во Израел/Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Антонио Гутереш генералниот секретар на ОН ги осуди нападите врз цивили и земањето на заложници во Газа и го повика Израел да дозволи хуманитарната помош да стигне до таму.

Тој повика на прекин на сите напади врз цивили, како и на ослободување на заложниците кои се држат во Газа, пренесе Би Би Си.

Гутереш потврди дека се убиени повеќе од 800 Израелци и предупреди дека бројот веројатно ќе се зголеми.  Радио станицата на израелската армија, пак, објави дека во нападите на Хамас загинале најмалку 900 Израелци.

Тој рече дека е длабоко вознемирен поради 500-те загинати Палестинци во Газа, каде што билансот исто така расте од минута во минута, додека израелските воздушни напади продолжуваат.

Гутереш го повика Израел да ги заштити цивилите и цивилната инфраструктура при извршување на неговите воени операции.

Исто така тој ги повика сите страни да им дозволат пристап на ОН за испорака на итна помош во военото подрачје и загрозените места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот