Омразата на ВМРО ДПМНЕ

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Што може да се заклучи ако секојдневно се следи кампањата на ВМРО ДПМНЕ? Освен омраза оваа партија всушност малку ново им нуди на граѓаните.

Изборите се наближуваат и интензитетот на партиските пораки упатени до граѓаните очигледно се зголемува. Но какви пораки добиваме од нив.

Пораките на власта се јасни и недвосмислени. Стојат зад она што во изминатиот период го направиле, се фалат со тоа и ветуваат дека ќе продолжат по тој пат. Но, зад сето тоа нема ништо нејасно, недоискажано. Некој тоа го прифаќа, некој не. Се е прашање на вкус.

Па сепак добро е да се погледне што има да им понуди на гласачите, особено на неопределениете и на оние разочараните од СДСМ опозициската ВМРО ДПМНЕ. Каков економски проперитет може од нив да се очекува, каква правда ветуваат од таму и какво македонско националано единство ни нуди оваа македонска партија.
Што може да се заклучи ако секојдневно се следи кампањата на ВМРО ДПМНЕ?
Освен омраза оваа партија всушност малку ново им нуди на граѓаните. Просто се гушат во неа и на тој начин го стеснуваат и онака малиот избор на партиски понуди. И таа омраза не само што не ја крие, туку со сета сила се обидува да ја наметне кај што поголем број граѓани, небаре со омраза се добивале избори.
Најмногу го мразат Зоран Заев. Пресовите веќе и не се вредни за следење. Во нив нема никава вест освен лични навреди, плукање и дисквалификации. Секоја реченица им почнува со „амнестираниот криминалец Зоран Заев…“ а тоа одамна веќе не е некоја вест.
Го мразат Оливер Спасовски зашто не открил еден килограм дрога во бананите, го мразат Филипче зашто директорката на кожно отишла на скијање во Италија, ја мразат Нина Ангеловска зашто ги зголемила пензиите, Мила Царовска, зашто ја оправи социјалата, ја мразат Радмила Шеќеринска зашто одамна била во политиката, го мразат Никола Поповски зашто му служел на Никола Груевски, ама и на Црвенковски, ја мразеа Катица Јанева зашто сами си ја избраа, ја мразат Вилма Русковска зашто не го апси Заев, ја мразат судијката Кацарска зашто бргу судела, го мразат Јавниот обвнител зашто не се вика Марко Зврлевски.

Ќе си речеш ги мразат сите што не се нивни. Но не, тие ги мразат и своите. Прво расчистија со нај „нивниот“ Љубчо Георгиевски што им ја измисли партијата, и што ги создаде како „ВМРОВ-ци. Потоа почнаа да си ги јадат децата: го замразија Крсто Муковски зашто ги отворил вратите од Собранието, но потоа не остана да гние во затвор за да ги заштити нарачателите, ја мразат и некогашната министерка за култура со златни чевли што им го направи музејот на ВМРО, и останатаите кои си ги издвоија од партијата.
Врвот го постигнаа сега со прогласување за предавник на Волдеморт или „Оној што не смееја името да му го изговорат“ додека беше на власт.
Но не само личности, тие го мразат договорот од Преспа, го мразат договорот со Бугарија, го мразат законот за јазиците, го мразат законот за ЈО, го мразат НАТО, ја мразат ЕУ зашто ни даде позитивне извештај. Ја мразат ОВАА Македонија, го мразат половина од народот што не е за нив, а од 12 април ќе ја мразат и другата половина само ако не ги донесе на власт.
Тогаш ние граѓаните и гласачите немаме што многу да одбереме! Она што и доесга имале можност да ни понудат-истото од порано!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот