Околу 3.700 Швеѓани добиле грешен резултат дека се позитивни на коронавирусот

Фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Околу 3.700 лица во Шведска добија неточен резултат дека се позитивни на коронавирусот, поради грешка во опрема за тестирање за Ковид-19, која пристигнала од Кина, објави денеска Агенцијата за јавно здравје.

Според агенцијата, опремата на компанијата БГИ Геномикс (BGI Genomics) не може да ја воочи разликата меѓу многу ниско ниво на заразеност со коронавирусот и негативниот резултат.

– Снабдувачот мора да ги прилагоди перформансите кои се потребни за користење на овој тест, рече Карин Тегмарк Висел, шефица на Одделот за микробиологија на агенцијата.

Таа додаде дека истата опрема за тестирање била извезена и во други земји, но не изнесуваше други детали.

Шведска соопшти дека погрешните резултати имале мал ефект врз статистиката за бројот на заразени со коронавирусот во земјата.

Агенцијата денеска соопшти дека, од почетокот на пандемијата, во Шведска се потврдени 86.891 случаи на коронавирус, додека 5.814 лица починале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот