Околу 113 милиони Европејци страдаат од бучава

Фото: Профимедиа

Секој пети Европеец е изложен на бучава, проблем кој во следните години би можел да стане уште поголем поради засилената фрекфенција на возила на патиштата и урбанизацијата, објави денес Европската агнеција за околина (ЕЕА), а пренесе „Индекс“.

Во соопштението на Агенцијата стои дека во моментов долгорочно на повисоки нивоа на бука од прометот на улиците во Европа се изложени околу 113 милиони луѓе.

Забрзаниот урбанистички раст значи дека има се поголем број на луѓе кои се изложени на поголемо ниво на бучава, и покрај напорите истата да се регулира, стои во извештајот на ЕЕА под името „Environmental Noise in Europe – 2020“.

Бројот на жители на Европа изложени на високо ниво на буга главно не се менувал меѓу 2012 и 2017 година, што значи дека Европа веројатно нема намера да го намали „загадувањето со бучава“ (noise pollution) во 2020 година на нивото кое го препорачува Светската здравствена организација (СЗО).

Фрекфенцијата на возила на патиштата се наведува како главен извор на бучавата во европските градови, а речиси секој ден 70 милиони Европејци само поради сообраќајот се изложени на ниво на бучава која преминува 55 децибели.

Од друга страна препораката на СЗО вели дека, за квалитетен ноќен сон бучавата не би смеела да ја преминува границата од 30 децибели.

По сообраќајот, останати извори на бугата се железницата, авионите, индустријата и рекреативните активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот