ОЈО поднесе обвинение за кражба во автобус

обвинителство ојо

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против лице на возраст од 59 години за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 21 јануари, искористувајќи ја турканицата во автобус кој се движел по булеварот „Партизански одреди“, одзел паричник во кој се наоѓале 1.200 денари, лични документи, една дебитна картичка во сопственост на оштетената, како и една дебитна картичка сопственост на нејзиниот сопруг со лист хартија на која бил запишан пин-кодот од картичката.

Откако се симнал од автобусот, обвинетиот влегол во аптека и со картичката купил стока во износ од 3.165 денари. Потоа, на банкомат направил седум успешни трансакции и подигнал вкупен износ од 35.000 денари. Со ова, обвинетиот се стекнал со вкупна противправна имотна корист од 39.365 денари.

Надлежниот јавен обвинител, имајќи ја предвид запретената казна за кривичното дело, општествената опасност и зачестеноста на ваквиот вид кривични дела, како и фактот дека обвинетиот е специјален повратник, процени дека во конкретниот случај постои опасност од бегство или криење со цел да се избегне кривичната одговорност. Од тие причини, јавниот обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да ја продолжи претходно определената мерка притвор како неопходна за непречено водење на кривичната постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот