Ограбил казино во Гевгелија: Приведен разбојник од Стојаково

Архива

Денеска (16.2.2021), во периодот од 10.30 до 12 часот, е извршен претрес во куќата и помошните простории на И.А. во с. Стојаково, по претходно издадена наредба од Основен суд Гевгелија.

При претресот пронајдени се пари кои потекнуваат од кривично дело „разбојништво” во казино од 28.1.2021, како и други предмети поврзани со кривичното дело. При претресот се пронајдени и растенија канабис.

И.А. е лишен од слобода и задржан во ОВР Гевгелија, а по документирање на случајот ќе следува кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот