Официјално: Рома доби нов сопственик

epa07024587 Supporters of Roma cheer during the Serie A soccer match between AS Roma and AC Chievo Verona at the Olimpico Stadium in Rome, Italy, 16 September 2018. EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Денеска конечно е завршена промената на сопствеништвото на италијанскиот тим и нов сопственик ќе биде Американецот Ден Фридкин.

Фридкин од сега веќе поранешниот сопственик Џејмс Палота купи 86.6% акциите на „римската волчица“ за сума од 591 милиони евра.

– Задоволни сме што станавме дел од семејството на Рома. Ќе се обидеме да го направиме тоа што го напиша еден навивач „Земете го клубот и од него направите едно од најголемите имиња во светскиот фудбал“ – изјави Фридкин.

Рома доби нов сопственик, Фридкин преку ноќ го купи клубот

Навивачите на „римската волчица“ не беа задоволни од раководењето на поранешниот сопственик, Џејмс Палота, во чија сопственост беше клубот во изминатите девет години. За тоа време Рома не освои ниту еден трофеј, во последните години не игра ниту во Лигата на шампионите, а навивачите се разочарани од Палоти и поради начинот на кој ги избрка легендите на клубот, Франческо Тоти и Даниеле де Роси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот