Рома доби нов сопственик, Фридкин преку ноќ го купи клубот

Босанецот Един Џеко потпиша договор на две години со Интер/Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

„Римската волчица“ изминатата вечер е продадена на американски милијардер.

Тоа што се најавуваше во последно време, конечно се реализира, екипата од Рома доби нов сопственик. „Римската волчица“ од рацете на еден Американец, премина кај друг, Дан Фридкин кој доцна синоќа го потпиша договор вреден 490 милиони долари.  Фридкин исто така се обврза за дополнителни стотина милиони евра да го докапитализира клубот.

Прв човек на Рома ќе биде Рајан, синот на милијардерот од Тексас, кој ќе го има главниот збор во преодниот рок.

Со потпишувањето на договорот конечно заврши сагата околу Рома, а интересно е што во завршната фаза од преговорите помеѓу сега веќе поранешниот сопственик Џејмс Палота и Фридкин, се појави и кувајстки конзорциум кој побара повеќе време за комплетирање за зделката иако нудеа повеќе пари.

Тоа не му се допадна на Палота кој сакаше што побрзо да се заврши работата, а и Фридкин инсистираше на брзо решение за да има време да дејствува во летниот преодек рок. Прва задача на Рајан Фридкин ќе биде потпишување на нов договор со Заниоло.

Со новите сопственици „римската волчица“ доби стабилност, а Фридкин најави дека е подготвен да потроши поголема сума на пари во летниот преоден рок за да ја засили екипата, а исто така најави е изградба на нов стадион, но засега тој план не е приоритет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот