Официјално 1.231 заболени од Ковид-19, но реално бројката е многу повисока

Според истражувањето на двајца германски експерти засновано на математички пресметки, дојдено е до сознание дека во светот се детектирани само околу шест проценти од реалниот број на заразени со Ковид-19.

Точната бројка на заболени од Ковид-19 во земјава е многу повисока од оние 1.225 колку што ги има во последниот извештај објавен вчера и таа би можела да се движи и до 13.000 пациенти. Министерството за здравство сега не планира да го зголеми опфатот на тестирање како би можеле да се приближиме до точниот број на заболени, а проценките се дека државите откриваат само шест отсто од заболените, односно дека од новиот вирус е инфицирано 10 отсто од населението на државата.

Според истражувањето на двајца германски експерти засновано на математички пресметки, дојдено е до сознание дека во светот се детектирани само околу шест проценти од реалниот број на заразени со Ковид-19.

Па така, доколку оваа формула се примени во светки рамки, се доаѓа до сознание дека има околу 30 милиони заразени, многу повеќе од официјалните 1.800.000 колку што се досега.

Доколку овој модел се примени во македонски рамки, се доаѓа до бројка од 13 илјади заразени во нашата држава.

Проценките на други релевантни светки научни институции се дека со Ковид-19 е инфицирано 10 отсто од населението во државите.

Во насока на многу поголема бројка на заболени од она што се презентира оди и извештајот на Институтот за јавно здравје од 16.04.2020 во кој се вели дека кај 33,8 отсто од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Проблематично со оваа група на пациенти е тоа што тие може да не се свесни дека се носителите на вирусот и да го пренесуваат на ранливи категории кои би можеле да добијат тешки компликации и да завршат фатално.

Од Министерството за здравство велат дека официјалната бројка на заболени е онаа која тие ја објавуваат.

„Бројките кои ги споменувате се претпоставки кои доаѓаат од одредени студии дека бројката на заболени во сите држави е повисока од реалната. Претпоставките се дека околу 10% од граѓаните во земјите се заболени или пак го прележале асимптоматски вирусот. Бројот на тестови кои ние го правиме во моментов е сосема доволен и се наоѓаме на врвот во однос на направени тестови во регионот“, велат од Министерството.

По поминување на пикот на болеста ќе се врши таканаречен скрининг на населението. Овој скрининг, кој како пилот ќе почне наскоро во Дебар, каде ќе се тестираат 20 до 30 проценти од сите граѓани, ќе треба да покаже колкав процент од населението го прележало вирусот односно колкав процент има стекнато имунитет. По истата методологија ќе се прави скрининг подоцна и на територијата на целата држава.

Од МЗ се согласуваат со тоа дека во земјите кои прават скрининг по случаен избор на сите граѓани се помали бројките на починати.

„Логично дека смртноста е пониска, но тоа е така затоа што се тестираат сите. Ние тестираме само потенцијални заболени, оние кои според епидемиолошките анкети биле во контакт со заболени и оние кои имаат симптоми. Согласно нашата стратегија логично е да има поголем процент на смртност затоа што се тестираат само потенцијално болни. Што се однесува до процентот на смртност, ние сме под светскиот просек од 6 проценти и смртноста изнесува 4,4%“, велат од МЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот