Официјално: Вејн Руни е новиот менаџер на Бирмингем

Вејн Руни/фото: EPA-EFE/Aleksandra Szmigiel

Поранешниот фудбалер Вејн Руни е назначен за нов менаџер на Бирмингем, објави англискиот второлигаш на својата официјална веб-страница.

Како што се наведува, Руни (37) потпишал договор со Бирмингем кој ќе трае до јуни 2027 година.

Екс играчот на Манчестер јунајтед ќе го наследи Џон Еустас, кој пред неколку дена доби отказ поради несогласувања со првите луѓе на клубот, иако тимот е во одлична позиција, на шестото место, кое води во плеј-офот за место во Премиер лигата следната сезона.

Неодамнешниот менаџер на американскиот ДиСи Јунајтед со себе во Бирмингем ги поведе своите помошници, Ешли Кол, поранешен соиграч од англиската репрезентација, како и Џон О’Ши со кој играше заедно во Манчестер јунајтед.

Пред да работи во ДиСи Јунајтед, Руни го водеше и англискиот второлигаш Дерби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот