Официјално: Николче Шаркоски е нов играч на Работнички

Николче Шаркоски потпиша договор на една година со „романтичарите“/фото: fkrabotnicki.com

Николче Шаркоски е нов фудбалер на Работнички, доаѓа како слободен агент и се враќа во скопскиот клуб по една и пол сезона која ја мина во редовите на Академија Пандев.

Шаркоски официјално потпиша едногодишен договор со „романтичарите“.

– Среќен сум што се враќам во редовите на Работнички. Ова за мене е добро позната средина, верувам дека брзо ќе се вклопам и дека ќе му помогнам на тимот да ги реализира клупските цели – вели Шаркоски.

Работнички денеска ќе го игра мечот од 1/16-финалето во Купот на Македонија против БВК Коњари.

Потсетување дека екипата пред два дена ја напушти досегашниот тренер Љупчо Марковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот